Репрезентацијата на Холандија е првиот финалист на Светското првенство во Јапонија, откако славеше над големиот фаворит Русија со 33-32.
Во првиот дел најчесто Холанѓанките беа во предност со еден или два гола разлика, но Русија секогаш израмнуваше и на пауза се замина со реми, 16-16. Полман со 9 и Абин со 8 погодоци беа први стрелци кај холандската репрезентација. Вјакирева со 11 гола се истакна во тимот на Русија. 



