Италијанските најголеми клубови во Серија А како што се Милан, Интер, Јувентус и Наполи сите тие клубови се заинтересирани за најталентираниот фудбалер на Бреша Сандро Тонали. Сите стручњаци на ,,Апенините” го споредуваат со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модрич.
Во изјава за италијанските медиуми го даде следново интервју: ,,Напредувам од ден на ден и имам големи амбиции. Следен клуб? Презадоволен сум од заинтересираноста на сите италијански клубови, но сепак јас сеуште размислувам. Се надевам дека ќе имам фантастична сезона со Бреша и ќе се промовираме во Серија А. Џенаро Гатузо е мој идол, навивам за Милан и за мене би претставувало огромно задоволство да бидам во ист тим со него” – изјави Тонали.
Видео: Погледнетe ги мајсториите на Тонали кои ги крена на ноза сите на ,,Апенините”



