Легендарниот јамајкански атлетичар и најбрз човек на светот Усаин Болт соопшти дека ја завршил фудбалската кратка кариера откако не успеал да се договори со австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс.
,,Фудбалот за мене беше убаво искуство. Уживав во секоја помината минута на теренот. Фудбалот е сосема поинаков спорт од атлетиката, траеше кратко, но убаво беше. Завршувам со спортската кериeра и се насочувам кон нови други случувања. Во план ми е да бидам бизнисмен имам многу планови” – изјавил Болт за британските медиуми.



