Бразил го совлада Исланд со резултат од 32:29 на полувреме 15:15 каде што најзаслужни за триумфот беа Лангаро со 9 гола, во чекор го следеше Толедо со 8, а Позер и Боргес постигнаа по 4 гола. Во составот на Исланд најдобри поединци беа Јонсон со 7 гола, додека Магнусон со 6, а Елисон и Гудјонсен мечот го завршија со 3 постигнати гола.
Со оваа победа на Бразил ја искомпликува групата Е каде што Хрватска сега е во незавидна позиција и е под закана четвртото место на табелата и борбата за Олимписките квалификации во 2020 година. Сега двете репрезентации имаат по 4 бода и за да јужноамериканците го освојат тоа посакувано четврто место им е потребен пораз на Хрватска од Франција и Шпанија да успее да победи или да земе бод против Германија.



