Екипата на Англија ја запиша и втората последователна победа на СП совладувајќи ја супериорно селекцијата на САД со 45-7. Англичаните постигнаа 7 есеја преку Форд, Вунипола, Коуан-Дики, Коканасига (2), МекКоноки и Лудиам. Американците сè до самиот крај т.е. до 82. минута беа со 0 поени на семафорот, но тогаш постигнаа есеј преку Кемпбел и ги забележаа првите поени на првиот натпревар на ова СП.



