Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер го освои АТП турнирот во Дубаи со триумф над гркот Стефанос Циципас со резултат од 2:0 по сетови (6:4 и 6:4) и со тоа ја освои јубилејната титула број 100 во кариерата.
До победата швајцарскиот маестро стигна за нешто повеќе од сат игра на терен, а резултатот по двата сета беше идентичен односно заврши со 6:4. На овој начин Федерер се реваншира на Циципас за поразот во 1/8 финалето на Австралија Опен каде што гркот го зеде скалпот на искусниот трофеен играч со 3:1.



