Во финалето од Лига купот на Франција одиграно во Лил, се сретнаа екипите на Стразбург и Гингамп. Во изедначено, неизвесно и во квалитететен финален дуел помеѓу двете екипи во регуларните 90 минути резултатот гласеше 0:0 исто како што и по продолженијата од два пати по петнаесет минути резултатот беше оној почетниот од 0:0 и се премина на изведување на пенали.
Во ударите од белата точка посреќни и поконцентрирани беа фудбалерите на Стразбург кој ги погодија сите четири пенали, додека Гингамп реализира само еден прецизен удар од оваа позиција. Со овој трофеј Стразбург по подолго време се закити со пехар, а во следната сезона избори и место во квалификациите за Лига Европа.



