Украинскиот боксер Владимир Кличко размислува повторно да се врати во рингот. Повеќекратниот шампион во тешка категорија доби понуда која не може да се одбие, односно во висина од 70 милиони евра за три борби во рингот.
Веста ја објавија германските медиуми, а како потенцијални противници се споменуваат имињата на Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер. Кличко последната борба ја имаше пред две години кога со технички нокаут во 11 рунда беше совладан од Џошуа, а во неговата кариера која траеше 21 година вкупно имаше само четири порази.



