Нова сезона, а продолжува успешната долгогодишна берба на медали за најдобриот македонски спортски амбасадор, Бошко Стаменковски, кој изминативе неколку години ги има освоено сите можни одличија на сите нивоа.
На Отвореното првенство на Црна Гора, бенч-прес во категорија до 75 килограми за ветерани, Бошко Стаменковски го потврди својот несомнен квалитет и со подигнати 135 килограми го освои првото место, а натпреварот беше по ГПЦ правила.
Видео: Бошко Стаменковски подигна 135 килограми и го освои првото место во Црна Гора
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/videos/2453412071345049/



