Екипата на ЛА Лејкерс, во својот ,,Стејплс Центер” ја пречека екипата на Њу Орлеанс Пеликанс во еден од најинтересните денешни дуели. Имено, ова беше битка на двајца сјајни играчи од кои едниот е веќе докажана ѕвезда, а другиот треба допрва да се докажува. Станува збор за ЛеБрон Џејмс (ЛА Лејкерс) и првиот пик на последниот драфт – Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс). Ускуството и неверојатната игра на ЛеБрон беа пресудни во победата на Лејкерс од 118-109. Американецот постигна четириесет поени и беше најефикасен играч на мечот. Од редовите на гостите, најефикасен беше токму Вилијамсон кој уфрли дваесет и девет поени. Вилијамсон, на девет натпревари по ред, постигнува над дваесет поени. Со оваа низа, тој се израмни со Кармело Ентони за најмногу врзани натпревари со минимум дваесет поени од страна на еден тинејџер.
Позициите на табелата не се сменија после овој натпревар т.е. Лејкерс остануваат на првото, а Пеликанс на десеттото место во Западната конференција.



