Во 35. коло од англискиот Чемпионшип се соочија Лутон и Брентфорд. Новите второлигаши кои се борат за опстанок успеаја да го совладаат неочекувано еден од главните претенденти за директен пласман во Премиер лигата. Имено, Лутон, на својот ,,Кенилворт Роуд”, беше подобар со 2-1, а клучна беше предноста од 2-0 стекната во првото полувреме. Најпрво, во 9. минута, Шендон Баптист, новиот играч на Брентфорд кој дојде од редовите на Оксфорд Јунајтед, постигна автогол, а во првата минута од судиското продолжение, Мартин Крени го заби својот втор гол сезонава. Во второто полувреме, Брентфорд успеа да намали на 2-1 со голот на Оли Воткинс кој изби на првото место на листата на стрелците со 22 голови, исто како и српскиот интернационалец од редовите на Фулам – Александар Митровиќ.
Со оваа победа, Лутон скокна на претпоследната позиција со четири бода заостаток во однос на позициите што обезбедуваат опстанок. Од друга страна, Брентфорд падна на петтата позиција.