Екипите на Ст. Луис Блуз и Чикаго Блекхокс ги одмерија силите во „Ентерпрајс Центер“ во натпреварот со најмногу голови од синоќешната програма. Актуелниите шампиони славеа со резултат од 6-5, пред сè благодарение на одличната трета третина. После првите два дела, Чикаго имаше предност од 2-3 со головите на Данкан Кит, Конор Марфи и Патрик Кејн, додека за Блуз поентирааБрејден Шен и Роберт Томас. Последната третина ја добија домаќините со резултат од 4-2. Захари Санфорд постигна два погодоци, а по еден постигнаа Џастин Фолк и Рајан О’Рајли. Двата гола на Чикаго беа дело на Метју Хајмор и Брендон Саад.
За Чикаго, ова е деветти пораз во последните единасет натпревари, додека Ст. Луис има пет врзани победи. На табелата, Ст. Луис е прв, а Чикаго дванаесетти на Западот.



