Менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ќе биде на клупата на ,,Старата дама” до крајот на сезоната и потоа ќе бара нов предизвик во кариерата. Алегри минатата сезона одби понуди од Челзи, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Арсенал само за да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус, но по 1/8 финалето од првиот меч против Атлетико Мадрид има негатива од 2:0 каде што доби многу критики од фановите. По крајот на оваа сезона Алегри без разлика дали ќе ја освои Лигата на шампиони или не ќе го напушти кормилото на торинскот клуб.



