Фенербахче е во голема резултатска криза и е во долниот дел на табелата, но кога ќе дојде време за истанбулските дерби натпревари не игра улога позицијата на табелата. Така беше и овој пат кога во рамките на 23. коло на ,,Водафон Арена” Бешикташ го пречека лутиот ривал Фенербахче.
Домашните фудбалери имаа одлично отварање на мечот кога по првите 20 минути веќе имаа предност од 2:0 со головите на Ѓонул во 10. минута и во 18. минута Јилмаз, за истиот фудбалер пред крајот на полувремето да зголеми на 3:0.
Во ворото полувреме за период од 12. минути гостите направија чудесен пресврт и го израмнија резултатот на 3:3, а сето тоа се случуваше од 55 до 67 минута од мечот. Најпрвин во 55. минута Зајц намали на 3:1, потоа се надоврза дефанзивецот Чифтпинар во 61. минута на асистенција на Валбуена, а најубавиот гол на натпреварот се случи во 67. минута кога капитенот на Фенербахче, Јилдирим од далечина шутираше и постигна атрактивен гол за 3:3.
Во финишот на натпреварот шасна за настап доби и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој влезе во игра во 84. минута и имаше забележителен настап, затоа што во 87. минута со глава шутираше во стативата и немаше среќа да постигне победнички гол, а потоа во судиското продолжение имаше додатни две шанси, каде што еднаш беше изблокиран при влез во шеснаесетникот, а на крај во третата прилика шутираше непрецизно покрај голот.
Видео: Бешикташ 3 – 3 Фенербахче



