Менаџерот на Манчестер Јунајтед, норвежанецот Оле Гунар Солскјер за англиските медиуми после дерби дуелот против Ливерпул кој заврши 0:0 и во пресрет на новото премиерлигашко коло изјави дека тимот ги загубил неколку важни фудбалери поради повреда, но дека не се грижи затоа што знае дека Манчестер има многу млади талентирани играчи кои може да одговорат на предизвикот.
Освен тоа напомена дека не е лоша идејата самиот тој повторно заедно со неговиот помошник, Мајкл Карик да заиграат на терен на премиерлигашки меч. И покрај проблемите Солскјер имаше време да се пошегува со новинарите.



