Глен Тамплин, во Англија познат како човекот кој го уништува фудбалот, продолжува со своите контроверзии. Сè започна во септември кога Тамплин беше сопственик на шестолигашот Билерики Таун. За оваа контроверзија поврзана со непотизам можете да прочитате на следниот линк:
https://www.javisejuzna.mk/?p=57048
Тамплин, неколку месеци беше надвор од фудбалскиот свет, а својата нова авантура ја продолжи во Ромфорд ФК – тим што членува во англиската осма лига. Со самото доаѓање се назначи за менаџер и во клубот доведе свои луѓе. После шест натпревари на тренерската позиција доведе вкупно 37 нови играчи меѓу кои и играчи со искуство во професионалниот англиски фудбал како Адам Морган и Рајан Кресвел ! Пред Тамплин, Ромфорд беше следен од 50-60 навивачи просечно по натпревар, но таа бројка се помножи десеткратно откако новиот сопственик даде бесплатен влез и слободни пијачки за секој поединец од публиката. Клубот игра во соседното гратче Брентвуд бидејќи нема свој стадион во Ромфорд, па Тамплин има за цел да го вдоми својот нов клуб во матичното место.



