Ѕвездата на Шефилд Јунајтед, Оли МекБурни, изминатото лето дојде во новиот прволигаш од редовите на Свонси како рекордно засилување од 20 милиони фунти. Минатата сезона, за Свонси постигна 22 погодоци во Чемпионшип, а љубовта кон „Лебедите” не запре ни покрај напуштањето на клубот. Шкотланѓанецот редовно го поддржува својот претходен тим на социјалните мрежи, а вчера отиде едно скалило погоре откако се појави на трибините на велшкото дерби против Кардиф. МекБурни беше забележан како испраќа недолични гестикулации кон навивачите на Кардиф, а според Скај Спортс, овој потег би требало да биде казнет од ФА. Во врска со казната, на својот Твитер профил се огласи и Гери Невил наведувајќи:
„Ова е очајно. Човекот го направи најнормалното нешто што го имам видено во последно време. Оди да го поддржи својот тим, а таму е сниман, фотографиран, а на крај дури завршува со ова…”



