Второто конференциско финале во НФК го одиграа Грин Беј Пекерс и Сиетл Сихокс. Тимот предводен од Арон Роџерс славеше со 28-23 после интересна завршница. Домаќините постигнаа четири тачдауни – по два за Арон Џонс и Деванте Адамс, додека гостите постигнаа три – два за Маршон Линч и еден за Тајлер Локет. Освен расположените Роџерс, Адамс и Џонс кои беа неприкосновени на трет даун, клучен фактор за победата на Пекерс беше и нивната одбрана којашто го лимитира нападот на Сиетл на само три поени во првото полувреме. Деванте Адамс имаше осум фаќања за 160 јарди и со тоа постави рекорд за Пекерс во плејоф натпревар.
Во конференциското финале, тимот на Грин Беј ќе гостува кај Сан Франциско 49ерс, а ќе се бори за конференцискиот наслов по прв пат после сезоната 2016/17.



