Лина Ѓорческа заедно со Анастасија Комардина од Русија победија во финалето во двојки на АТП турнирот во Минск, Белорусија. Нашата тенисерка и нејзината партнерка победија со 2:1 во сетови против тенисерките од Белорусија, Илона Кремен и Ирина Шиманович.
Првиот сет го добија Белорусинките со 7:6. Додека во вториот и во третиот сет Лина и Анастатија триумфираа со 6:4 и 10:8 и се закитија со титулата.



