Во тек е 14 коло од Прва ЖФЛ, односно втората натпреварувачка полусезона во која што главен фаворит за титулата е тимот на ЖФК Каменица Саса од Македонска Каменица.

Во дербито на колото домашната екипа на ЖФК Каменица Саса дојде до минимален триумф од 2:1 над ЖФК Истатов за нови три бода и јуришање кон историската за нив прва шампионска титула.
По првото полувреме домашната екипа имаше сигурно водство од 2:0 со головите на Ана Димитровска и Марјана Нацева, додека голот за неизвесност и возбудување до крајот на мечот го постигна Сара Хусеин за гостинската екипа во 58 минута.

Треба да се истакне и фантастичниот настап на голманот на гостинската екипа Магдалена Лекоска која што имаше на неколку пати бравурозни одбрани спасувајќи го својот тим од убедлив пораз.



