Започна втората полусезона во женската прва фудбалска лига каде што на стартот во Струга на стадионот на ,,Влазними” домашните фудбалерки на ЖФК Ас Јунајтед триумфираа со убедлив резултат од 5:1 над велешки ЖФК Борец.

Гостинската екипа се обидуваше да пружи поголем отпор, но попусто затоа што струшките фудбалерки ја имаа целосната контрола како врз играта така и врз резултатот. Стрелци за победничкиот тим беа Арлинда Адили со еден гол и двојни стрелци беа Илза Максути и Веса Села.



