Во рамките на најдобрата турска лига екипата на Анталијаспор која се бори за опстанок во лигата освои голем бод против големиот фаворит тимот на Фенербахче гол кој ќе им значи многу во борбата за бегство од дното.
Домаќините имаа во ,,Џеб” три бода се до 96 минута кога во последните секунди од натпреварот словенскиот интернационалец Зајц постигна гол за израмнување на резултатот од 2:2.
При водство на Анталијаспор од 2:1 гол за 3:1 постигна маестралниот Адис Јаховиќ, но набрзо му беше поништен поради офсајд позиција. Јаховиќ и покрај се со 13 погодоци оваа сезона го дели третото место на листата на стрелци со напаѓачот на Фенербахче Муриќи кој е косовски репрезентативец.



