Намалување на масните наслаги на стомакот
Дали само со вежбите за стомак ќе ги стопите масните наслаги? Дефинитивно НЕ. Вежбите за стомачни мускули ни помагаат да ги зајакнеме и дефинираме мускулите, но не и да ги отстраниме масните наслаги. Со цел топење на масни наслаги потребен е соодветен кардио тренинг, со кој ќе согорите повеќе калории, а истовремено ќе ги топите мастите околу мускулите.
Важен сегмент кој треба да се знае е дека масните наслаги никогаш не се топат само на делот на кој работите и тренирате, туку рамноерно се согоруваат низ површината на цело тело.
Што значи и кога вежбате нозе, согорувате масти и во пределот на стомакот.

Редовни оброци и правилни тренинзи
Честопати кај луѓето што тренираат може да се слушне како дел од оброците во текот на денот се отфрлаат со цел да ослабат и да дојдат до посакуваните резултати. СОСЕМА ПОГРЕШНО!
На телото што е под физички напор му е потребна храна и енергија за да може да ги издржи предвидените тренинзи. Изгладувањето доведува до успорување на метаболизмот, слабеење на мускулната маса и таложење на повеќе штетни масти. Резултатите се поспори и со негативен ефект.
Промената што треба да се направи е во квалитетот и изборот на храната, а не во целосно исфрлање на оброците.

Интервални тренинзи со појак интензитет и пократко времетраење
Долготрајните тренинзи со слаб интензитет не се секогаш најдобриот избор.
Како најефикасни и најпрактикувани се вежбите во интервали со кратки траења и висок интензитет. Нивната придобивка е многу ефективна , бидејќи се согорува многу во краток временски интервал.
Не епотребно да трошите подолги часови во вежбање без правилен ефект од тоа вежбање.
Напротив еден 20 минутен тренинг може да замени ефект како за 2 часовно неправилно вежбање.

Придобивки од овие тренинзи се:
*Забрзуванје на метаболизмот
*Изградба и оформување на мускулно ткиво
*Помага при одложување на стареењето
*Се зголемува нивото на енергија и хормонот за расположение
*Се намалува стресот и дава помирен сон



