Ракометарите на Охрид во дерби дуелот на Супер лигата славеа над Бутел со резултат 24:22 (полувреме 13:13). Денис Тот со 8 погодоци беше најефикасен во Охрид, 4 гола постигна Кривокапиќ, додека кај Бутел Милошевски и Мајиќ со по 5 постигнати голови беа најефикасни.
Ракометарите на Пелистер денеска нагости го совладаа тимот на Работнички со 29:34 (полувреме 13:17). Најефикасни кај Пелистер беа Талевски со 10 и Петровски со 8, додека кај домаќинот Сулима со 8 и Палевски со 7 погодоци.



