„Јунајтед Центер” во Чикаго ќе биде домаќин на овогодинешното „Ол Стар” натпреварување во рамките на НБА лигата. Трет пат во историјата Чикаго ќе биде домаќин на „Ол Стар”, а прв пат после 1988. Традиционално, ќе се натпреваруваат најдобрите играчи од Источната против најдобрите играчи од Западната конференција. Како капитен на Западот ќе биде ЛеБрон Џејмс кој ќе учествува на „Ол Стар” по 16. пат израмнувајќи се со Коби Брајант. Капитенот, покрај себе ќе го има и својот соиграч од редовите на Лос Анџелес Лејкерс – Ентони Дејвис, а од останатите екипи ќе бидат присутни и Џејмс Харден (Хјустон Рокетс), Каваи Ленард (ЛА Клиперс) и Лука Дончиќ (Далас Маверикс).
Во тимот на Истокот, капитен ќе биде Јанис Антетокумбо (Милвоки Бакс) забележувајќи го своето четврто учество на „Ол Стар”. Со ист број на учества во најелитниот натпревар ќе биде и Кемба Вокер од редовите на Бостон Селтикс. Останатите стартери за Западот ќе бидат Жоел Ембид (Филаделфија 76ерс), Паскал Сиакам (Торонто Рапторс) и Тре Јанг (Атланта Хокс).



