Во третата рунда од Аустралиан Опен се соочија Каролине Возниацки и Онс Жабер. Жабер, поранешната јуниорска шампионка од Тунис, славеше со 2-1 (7-5, 3-6, 7-5). Со оваа победа си обезбеди пласман во осмина-финалето кадешто ќе ги одмери силите со Чанг Ванг. Оваа победа на Жабер, во светот на тенисот донесе една тажна вест. Имено, со елиминацијата од Аустралиан Опен, поранешната првопласирана тенисерка на ВТА листата, Каролине Возниацки, назначи крај на својата кариера. За претставничката на Данска ова беше последен одигран натпревар.
„Честитки Каролине на одличната кариера. Чест ми беше да го споделам теренот со тебе. Твојот борбен дух секогаш ме инспирираше и ти посакувам сè најдобро во твојата нова страница од животот. Ќе ни фалиш, но сигурна сум дека ќе те гледаме наоколу.” – објави Жабер на својот Твитер профил после натпреварот.



