Дамиен Лилард испиша нова страница во историјата на Портланд Трејл Блејзерс. Американецот успеа да стане првиот играч на тимот од северо-западниот дел на САД што успеал да постигне над сто поени во распон од два натпревари во низа. На претходниот натпревар, против екипата на Голден Стејт, Лилард имаше неверојатен учинок од 61 поен, 10 скокови и 7 асистенции. Синоќа, против Далас Маверикс, го продолжи овој низ уфрлувајќи уште 47 поени за вкупна бројка од 108 поени во последните два натпревари. Со оваа бројка, им се приклучи на Вилт Чемберлен, Коби Брајант, Џејмс Харден, Мајкл Џордан, Елгин Бејлор, Пит Маравич и Девин Букер како единствени играчи во историјата на НБА со постигнати 108+ поени за два натпревари.
Имено, Портланд славеше против Голден Стејт со 129-124 после продолженија, а синоќа загуби од Далас со 125-133.