ЖФК Љуботен продолжува победнички во вториот дел од полусезоната во Првата ЖФЛ, овој пат триумфираа на гостувањето во Радовиш, против тимот на ЖФК Плачковица со резултат од 0:2. Погодоците за тетовчанки ги постигнаа Емилија Личковска во 65 минута и во 75 минута Ивона Кочовска ги постави конечните 0:2.
Во локалното дерби, немаше никаква неизвесност затоа што домашната екипа на ЖФК Кочани загуби убедливо од ЖФК Истатов со резулат од 0:12. Неколку фудбалерки голгетерски се истакнаа пред се Ели Јаковска со пет постигнати гола, хет-трик постигна Александра Марковска, а по еден гол постигнаа Ангела Стојковска, Елена Панеска, Кристина Петрушевска и Марина Митревска.
Во Битола младата и пред се талентирана екипа на ЖФК Атлетико одигра супер квалитетен натпревар и не дозволи пораз од ЖФК Каменица Саса која е во горниот дел на табелата во нашата прва женска фудбалска лига.
Првото полувреме ЖФК Атлетико го заврши со предност од 1:0 со голот на Викторија Миленковска во 39 минута, а дури во 77. минута ЖФК Каменица Саса дојде до израмнување преку искусната Ана Димитровска за крајни 1:1 и поделба на бодовите.



