Вардар ја доби градската пресметка попладнево. Скопските ,,Црвено-црни” запишаа значајни три бода во борбата за пласман во квалификациите за Лигата на Европа со решавачкиот гол од пенал на Дарко Мицевски во 20. минута од првото полувреме. Вардар на овој натпревар не блескаше, во вториот дел се реши да ја чува предноста од еден гол и успеа да ја сочува.
Во втората дерби пресметка за ова коло, во Тетово, лидерот на табелата Шкендија исто така дојде до минимален триумф доволен за три бода против Работнички со резултат од 1:0 со победничкиот гол на бразилецот Стенио Жуниор во 53 минута.
Од останатите средби, Академија Пандев ја продолжи победничката низа, а најнова жртва им е екипата на Силекс која е поразена во Струмица со 2:0 со погодоците на Дориев во 22 и 55 минута од натпреварот.
Денешни резултати Прва МФЛ:
Академија Пандев 2:0 Силекс,
Победа 2:3 Ренова,
Шкендија 1:0 Работнички,
Вардар 1:0 Шкупи и
Македонија Ѓорче Петров 2:1 Беласица.



