Вечерва во СЦ “TИМИ” во Струга, Ракометниот клуб СТРУГА пред своите верни фанови и навивачката група “Паткари” прослави голем јубилеј 70 години постоење. По тој повод на теренот ги видовме голем дел од играчите ветерани кои во минатото го носеле дресот на РК Струга, но и актуелниот тим кој во моментов се натпреварува во Суперлигата. Се одиграа три натпревари по 15 минути каде видовме интересни потези од бившите ракометни легенди, но и од сегашните ракометари на задоволство на присутната публика.
Фото: Giovanni Films



