Во рамките на 24. коло се одиграа неколку одлични и возбудливи натпревари од англиската Премиер лига. За одбележување се три натпревари меѓу кои Бурнмаут го декласира на Челзи со 4:0, Ливерпул ремирираше со 1:1 против Лестер и Тотенхем преку пресврт дојде до победа од 2:1 против Ватфорд.
Два гола постигна Кинг, додека по еден гол постигнаа Брукс и Даниелс за комплетирање на триумфот за тимот на Бурнмаут. Челзи на овој начин го доживеа највисокиот пораз по далечната 1996 година кога загубија од Ливерпул со резултат од 1:5.
Ливерпул и Лестер Сити одиграа реми од 1:1 и на тој начин тимот од Енфилд пропушти шанса да му се одлепи на Манчестер Сити на седум бода и сега позитивата е само + 5 бода. Што се однесува до самиот натпревар Ливерпул поведе со 1:0 во 3-та минута преку Садио Мане, а гостите израмнија со голот на дефанзивецот Магваер во судиското продолжение на првото полувреме и се до крајот го одржуваа овој резултат за поделба на бодовите.
Голема драма имаше на натпреварот на ,,Вембли” каде што Тотенхем имаше негатива и загубен меч против Ватфорд, но со фуризна завршница направија целосен пресврт и стигнаа до триумф од 2:1. Водството го отворија гостите во првото полувреме со голот на Каткарт, додека трите бода за Тотенхем ги донесоа Син Мин кој се врати неодамна од азиските игри и Љоренте. Домаќините имаа проблеми со повредени играчи каде што Хари Кејн, Деле Али и Дејвис се надвор од конкуренција за настап поради повреди.
Видео: Ливерпул 1 – 0 Лестер стрелец Садио Мане
Видео: Ливерпул 1 – 1 Лестер стрелец Мегваер



