Барселона во реванш натпреварот од 1/4 финалето на Копа Дел Реј ја надигра Севилја и сосема заслужено се пласира во полуфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување во Шпанија.
Каталонскиот тим на стадионот ,,Ноу Камп” ја совладаа Севилја со резултат од 6:1, инаку вкупен резултат од двата натпревари е 6:3 за Барселона. Иако домашните фудбалери го демолираа ривалот сепак до 89 минута имаше голема неизвесност кој од двата тима ќе се пласира во полуфинале.
Барселона од дискутабилен пенал во 13. минута преку Кутињо дојде до водство од 1:0. Гостинските фудбалери промашија две колосални шанси за израмнување, најпрвин Силва погоди статива, а Евер Банега од пенал нереализираше, односно голманот Силесен го одбрани тој удар по неговиот гол.
Затоа на спротивната страна преку бизарен гол на Иван Ракитиќ дојде казната за пропуштените шанси. Во второто полувреме домаќините со два брзи гола во 53 и 54 минута зголемија во тој момент на недостижни 4:0 со головите на Кутињо и Серхи Роберто.
Гол за надеж и неизвесна завршница постигна Арања во 67 минута, но Барселона во 89 минута со голот на Луис Суарез стави точка на надежите дека Севилја ќе дојде до тој толку посакуван втор гол за пролаз. На крај победата од 6:1 ја запечати Лионел Меси во судиското продолжение преку најубавата акција на натпреварот каде учествуваа неколку фудбалери во креирањето на акцијата.
Видео: Евер Банега нереализира удар од белата точка
Видео: Иван Ракитиќ го казни противникот со бизарен гол
Видео: Кутињо постигна гол за 3:0
Видео: Серхи Роберто зголеми на 4:0
Видео: Арања постигна гол за надеж на Севилја
Видео: Сите погодоци на едно место помеѓу Барселона 6 – 1 Севилја



