Ракометарите на Вардар ја совладаа Војводина со 26-23 во Нови Сад и се доближија уште повеќе до Ф4 во регионалното натпреварување на СЕХА лигата.
Чупиќ беше најефикасен кај Вардар со 8 голови, Скубе постигна 7, додека голманот Милосављев запиша 11 одбрани. За Вардар ова е 12 победа во СЕХА лигата во која има и 3 порази.



