Лацио со многу повредени фудбалери влезе на мегдан во првeнствен дуел против Џенова. ,,Лацијалите” поведоа пред крајот на полувремето со голот на Бадељ на асистенција на Имобиле. Во второто полувреме домашните фрлија се на една карта и на целосна офанзива.
Горан Пандев влезе во игра во 56. минута и веднаш ја размрда играта и донесе свежина во напаѓачките редови. Голот за израмнување Џенова го постигна во 75. минута преку Санабрија, додека целосниот резултатски пресврт и голот за победа го постигна левиот бек, воедно и капитен Кришито кој со убај волеј удар од далечина постигна победнички гол за голема навивачка еуфорија како на трибините така и долу на зелениот терен. Инаку Горан Пандев заработи и жолт картон во судиското продолжение поради симулација за пенал.
Видео: Џенова 2 – 1 Лацио гол за победа на Кришито за еуфорија и големи три бода



