Кошаркарите на Црн Дрим пред околу триста љубители на кошарката денес славеа уште една голема победа против квалитетниот тим на Феникс 2010 со 81:72. Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера во која домаќините стигнаа до уште една голема победа со која oстануваат на врвот на табелата во Втората Кошаркарска Лига – Запад со по 26 поени заедно со тимот на КК Ангели.
Стрелци денес за КК Црн Дрим беа: Koскоски 41, Радически 19, Узуноски 10, Димитриов Блажо 4, Јанески Славиша 3, Влаќески 2, Стојаноски Христијан 2 Tренер: Kире Ноневски



