Екипата на Торонто Мејпл Лифс се наоѓа во најважниот дел од својата регуларна сезона борејќи се за плејоф во густата концентрација на екипите во Источната конференција. Сепак, тимот од источна Канада моментално го игра својот најдобар хокеј и запиша три врзани победи против квалитетни екипи. Иако играат без својот најважен играч, Џејк Мазин, Мејпл Лифс успеаја да го совладаат синоќа Ванкувер со 4-2.
Првата третина беше најефикасна имајќи во предвид дека Торонто двапати водеше, а Кенакс двапати го израмнуваа резултатот. Сепак, во третата третина, Торонто постигна два гола за поставување на конечниот резултат. Стрелци за Мејпл Лифс беа Фредерик Готие, Остон Метјуз, Мартин Маринчин и Зек Хајман. За Ванкувер погодија Тајлер Мот и Танер Пирсон.
Со оваа победа, Торонто се наоѓа на седмото место и има ист број на поени како и шестопласираните Њу Јорк Ајландерс. На Западот, Ванкувер е шести и е во загрозена позиција кога е во прашање плејофот.



