Екипата на Тампа Беј Лајтнинг имаше серија од четири последователни порази, но ѝ стави крај на истата со синоќешната победа од 4-3 против Калгари Флејмс. Имено, Тампа Беј поведе со 3-0 кон средината на натпреварот благодарение на головите на Тајлер Џонсон, Одреј Палат и Јани Горд. Во средината на втората третина, Калгари за неполна минута поентираше двапати преку Ендру Манџапане и Елиас Линдхолм за намалување на водството на 3-2. До крајот на втората третина, Лајтнинг повторно стекнаа предност од два гола разлика со голот на Александер Килорн. Во третата третина, Калгари успеа само да намали на 4-3, а стрелец беше Шон Монахан.
После овој дуел, Тампа Беј останува второпласирана екипа на Истокот, додека Калгари ја зазема седмата позиција на Западот и се наоѓа во борба за плејофот.



