Дербито на денот во НХЛ го одиграа екипите на Ст. Луис Блуз и Далас Старс. Најпрво, Далас поведе со 0-1 преку Тајлер Сегуин, за потоа, актуелните шампиони да направат серија од 3-0 со головите на Дејвид Перон, Тајлер Бозак и Брејден Шен и да поведат со 3-1. До крајот, Далас постигна уште два погодоци, а стрелци беа Денис Гурјанов и Џон Клингберг. После регуларниот дел и после продолжението, резултатот изнесуваше 3-3, па натпреварот беше решен после пеналите. Во пенал серијата славеше Ст. Луис благодарение на голот на Рајан О’Рајли.
После овој натпревар, Ст. Луис остана на врвот, додека Далас се искачи на третото место во Западната конференција.



