Во рамките на 19. коло од првата турска фудбалска лига тимот на Коњаспор дојде до осма победа во лигата овој пат против Анталијаспор и сега со 31 освоен бод се наоѓаат на четвртата позиција на табелата која носи квалификаци за Лига Европа.
Коњаспор дојде до триумф од 2:0 со головите на Јевтовиќ во првото полувреме и Скубиќ во вториот дел, а дел од победничкиот тим беа Адис Јаховиќ кој настапи на теренот до 77 минута, додека деби настап имаше новото засилување левиот бек Леонард Жута кој одлично се претстави на теренот, а младиот Ердон Даци за прв пат се најде на клупата на Коњаспор, но во продолжението на мечот не доби шанса за деби.
Видео: Прослава по најновата победа во првенството
Галерија: Леонард Жута и Адис Јаховиќ на мечот помеѓу Коњаспор 2-0 Анталијаспор



