Во рамките на 18. коло од првата кипарска фудбалска лига Аек Ларнака го совлада тимот на Анортозиз со резултат од 3:0. Најзаслужни за овој триумф се секако македонските репрезентативци Даниел Мојсов кој е командант во одбраната во текот на целиот меч, додека Иван Тричковски повторно е двоен стрелец за Аек.
Погодоците домаќините ги постигнаа во 11 минута преку Ларена, а Тричковски головите ги постигна во 71 и во 84 минута. Освен тоа Тричковски доби и жолт картон, а беше заменет од тактички причини во 85 минута и за него ова се вкупно 7 погодоци во првата кипарска лига.
Видео: Аек Ларнака 3- 0 Анортозис двоен стрелец Тричковски



