Репрезентацијата на Франција е освојувач на бронзениот медал од Светското првенство во Германија и Данска со триумф во завршницата против Германија со резултат од 26:25. Ова беше одличен натпревар на ниво на финале на еден Мундијал. Со висок ритам од почетокот до самиот крај на мечот.
Германија подобро изгледаше на терен во првото полувреме и се чинеше дека побрзо се рехабилитирале по полуфиналниот пораз, но французите со серија од 6-1 на стартот на второто полувреме се вратија во игра го презедоа водството и до крајот на мечот го сочуваа.
Се влезе во неизвесна и интересна завршница во која што на 15 секунди до крајот Германија го имаше последниот напад при нерешен резултат од 25:25, но левото крило Муше во обид да додаде до пикерот Пекелер нивното проигрување заврши неуспешно и во контра напад на неколку секунди до крајот преку Никола Карабатиќ на асистенција на Гигу постигнаа победнички гол за 26:25.
Судиите прегледуваа снимка дали погодокот е во регуларно време и кога видоа на миниторот дека се е чисто и официјално во тој момент Франција дојде до бронзениот медал на Светското првенство. Најдобар стрелец во Франција заврши Кентин Мае со 7 гола од 8 обиди, додека кај Германија исто број на голови имаше Уве Генсхајмер.



