Денешната потера во бијатлон во машка конкуренција ни донесе неколку возбудувања. Најголемите возбудувања беа предизвикани од двајцата браќа Бо. Најпрво, Јоханес Тингнес Бо тргна на стартот со заостаток од 15 секунди и со одлично скијање успеа да намали цели 11 секунди после првиот километар. Сепак, едното промашено пукање на почетокот му донесе нов поголем заостаток такашто беше принуден да скија со неверојатно темпо. На крај, успеа да триумфира со цели 22 секунди предност пред Французинот Квентин Фијо Маје кој го освои својот шести пласман на второто место во кариерата. Се чинеше дека на подиумот ќе ги видиме двајцата браќа Бо, но на последните метри од патеката, Тарјеи Бо беше престигнат од Кристиансен и заврши на четвртата позиција. Првопласираниот натпреварувач на спринтот во четвртокот, Бенедикт Дол, заврши на петтото место со дури три промашени пукања.



