Натпреварувањето во дисциплината сноуборд крос, овој викенд се одржа во италијанскиот ски центар Червинија.
Во женската конкуренција, во големото финале не се пласираа неколку фаворитки меѓу кои и Линдзи Џакобелис и Ева Самкова. Во финалната трка, најбрза беше Микела Моиоли, а на второто место заврши Клои Трепуш. За радоста на Италијанците да биде поголема, на третата позиција се пласира младата Софиа Белингери. Останатите три позиции ги завземаа Бели Брокхоф, Фаје Гулини и Зина Зигенталер притоа доживувајќи пад.
Кај мажите, до првата победа во кариерата стигна Лоренцо Сомарива, а веднаш после него, после фото-финиш, заврши и вториот Италијанец во финалето – Емануел Ператонер. Третопласиран беше младиот Французин Мерлин Сиже, а останатите од големото финале беа Пол Берг, Камерон Болтон и Елиот Грондан.



