Синоќа во Мајами, Флорида Пантерс ја пречека екипата на Далас Старс и прикажа солидна игра која беше крунисана со победа од 7-4. Освен големиот број на голови, натпреварот ќе биде запаметен и по една крајно несекојдневна. Имено, при резултат од 7-3, Џејми Бен, хокеарот на Далас, постигна погодок, но ниту еден од присутните не го примети голот. Сите, вклучувајќи ги и американските коментатори, помислија дека голманот на Пантерс, Сергеј Бобровски, го одбрани тој шут. На крај ситуацијата беше прегледана и судиите ја донесоа исправната одлука.



