Австралискиот фудбалски интернационалец, Арон Моои, направи неочекуван трансфер во Шангај СИПГ, откако неговиот досегашен тим, Брајтон, во своите редови го донесе Адам Лалана. 29-годишниот играч за врска потпиша договор со кинескиот клуб вреден 7,5 милиони фунти со плата од 50 илјади фунти неделно.
Во досегашната сениорска кариера, Моои беше член на Болтон и на Манчестер Сити, но за нив не забележа ниту еден настап. Професионалното деби го имаше во Ст. Мирен, а најмногу се прослави со одличните партии во дресот на Хадерсфилд.