Се одржа протестен марш во Сакраменто, Сад по повод смртта на Џорџ Флојд во Менеаполис. Продефилираа над 20.000 илјади луѓе меѓу кои што и спортисти, а меѓу нив и српски државјани, легенди на Сакраменто и сегашни играчи. Се работи за Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ и Богдан Богдановиќ.
,,Така сум воспитан! Знам дека сум прилично нов во оваа држава, имам видено многу и знам да направам разлика помеѓу добро и зло. Јас секогаш сум за доброто” – напиша на својот инстаграм профил Богдан Богдановиќ српски репрезентативец и член на Сакраменто Кингс и напомена дека верува во еднаквост и промени.
Видео: https://www.instagram.com/p/CBG0_BIjP6G/