По минатосезонската релегација од Премиер лигата, Вотфорд настапува во англискиот Чемпионшип после пет години.
Исто така, популарните ,,Хорнетс” се во иста лига со најголемиот ривал, Лутон Таун, за првпат после сезоната 2005/06.
Денес, двете екипи го одиграа 119. меч од ,,М1 дерби”, коешто беше прво после цели четиринаесет години.
Вотфорд ја имаше иницијативата во свој посед и поведе во 35. минута со 1-0. Стрелец на голот беше Жоао Педро, односно момчето што на денешен ден го прослави својот деветнаесетти роденден.
Накрај, голот на младиот Бразилец се покажа како пресуден за втората победа на Вотфорд, а воедно и првиот пораз на Лутон сезонава.



