Екипите на Салават Јулаев Уфа и на Витјаз Подолск го одиграа првиот од денешните два натпревари во КХЛ.
Имено, ,,Зелените” од Уфа триумфираа со 6-5 во голеадата одиграна во ,,Уфа-Арена”.
Витјаз поведе со 0-2 по првите седум минути, а на првата пауза замина со предност од 2-3.
Уфа успеа да го однесе натпреварот во резултатски егал по вториот период, после којшто, резултатот изнесуваше 4-4.
Во третата третина, Витјаз повторно поведе, но до крајот, Уфа постигна уште два гола за осмата победа сезонава.
Во листата на стрелците за победничкиот состав се запишаа Дмитриј Кугришев, Родион Амиров (х2), Илја Баранов, Јевгени Лисовец и Алексеј Пустозјоров.
За гостинскиот состав, головите ги дадоа Џастин Данфорт, Фјодор Малихин, Свјатослав Гребенсчиков, Каспарс Даугавинс и Матијас Теденби.