Очајната форма и по најновиот пораз против Шахтјор Донецк од Лига шампиони во Украина, францускиот стручњак категорично порача дека не размислува да си поднесе оставка во овој момент. Реал Мадрид е на раб од испаѓање од најелитното натпреварување.
Во последните пет меча во сите натпреварувања Реал има само една победа, веќе во сабота гостуваат кај Севилја, потоа ја пречекува Борусија Менхенгладбах во клучниот меч од Лигата на шампионите, а потоа игра и со Атлетико кој е одличен сезонава во домашното првенство.



