Брентфорд се врати во плејоф-зоната на Чемпионшип, откако денес ја оправда фаворитската улога.
Имено, во петнаесеттото коло, ,,Пчелите” го поразија Ротерам Јунајтед со 0-2 и ,,скокнаа” на четвртата позиција, но со натпревар повеќе во однос на најблиските конкуренти.
После неефикасното прво полувреме, следуваше динамичното второ, во коешто Брентфорд стекна предност од 0-1, со голот на Маркус Форс (57′).
Клучниот потег за поразот на домаќините беше влегувањето во игра на Микел Милер во 71. минута, кој доби втор жолт картон после само единаесет минути, притоа предизвикувајќи пенал за противничкиот состав.
Од белата точка прецизен беше Ајван Тони, кој се израмни на првото место на листата на стрелците со Адам Армстронг, со тринаесет погодоци.
Ротерам, со овој пораз, падна на дваесеттото место на табелата.



